Милош Црњански: Суматра (На македонски јазик препеал Борче Панов)

1mc1

Суматра

Суматра

Сега сме безгрижни, лесни и нежни,
помислуваме: колку се тивки, снежни
врвовите на Урал.

Не растажи ли некој блед лик,
кој сме го изгубиле една ноќ,
знаеме дека некаде некој поток
наместо него тече!

По една љубов, утро во туѓина,
се потесно душата ни ја свива
со бескрајот мирен на сините мора
од кои се црвенеат зрна од коралите
како од родниот крај црешите.

Се будиме ноќе и се смешкаме драго
на оптегнатиот месечински лак.
И далечни милуваме ридја
и леденгори со раката благо.

(Милош Црњански, Белград 1920,
на македонски јазик препеал: Борче Панов)

Miloš Crnjanski: Sumatra

AMAZING FILM FOOTAGE OF DUBLIN CITY, 1915