Борче Панов: ЛАСТОВЕЧКИ ЈАЗИК*

25573_428945612488_7281837_n

ЛАСТОВЕЧКИ ЈАЗИК*

со дожд зрачест ци дожд

со конци од божилак

ци кон ци ци душа на небото

ластовичките везат

ци ве ци зат

макраме од селидби

ци ма ци кра ци ме

со јазлиња од утринска светлина

и сон ци сон

до челото на бебенцето

ци бе ци бен ци це ци то

во колевката на чардакот се спушта

ци чар ци да ци кот

една плетка со невидими жилички

ци жи ци ли ци чки

новородено се зажилува

ци но ци во ци ро ци де ци но

и будењето

како трендафил бел процветува,

ци бу ци де ци ње ци то

а сонцето е зеница

со плашлива црнка од ластовица

ци зе ци ни ци ца

што со небото во очите наши

сите не осветлува

ци о ци свет ци лу ци ва

и сека мисла темна ко секавица

далеку ни згромува

ци згром ци му ци ва

додека бебето со рачиња пупулиња

ко со крилца две не галнува

ци гал ци ну ци ва

________________________________

* таен ластовечки јазик, јазична игра

во која пред секој слог се додава „ци„