Маријан Гракалиќ: Сплит

1. a. split

Сплит

Расте Сплит како брнистра од мртвите души на мажите
вткаени во плочите мраморни на подовите и гробовите.
Сврдли стравот жив од промените, опфаќајќи ги Мосор
и Козјак, кога веќе не може да се всади во морето.

Во залезот на изгубените камени дворови, шепоти Југо
со јазикот на првите светци за вечната вера на брегот,
додека четири улици потаму, болките свои една жена
на гатачката `и ги кажува за паричка со која ни Бог не лекува.

Наутро, и пред зорите притаени, сонцето е домаќин и
господар на сеќавањата во градот, кога мирисите на лебот
и морето ги опиваат куќите, гушкајќи ги зелените ролетни
зад кои се` уште се свежи облаците бели во водата мирна.

Маријан Гракалиќ
Препев на македонски јазик-Борче Панов