СТАНИЦИ Ти си жена која сонувa Игра освојува Како магла и сенка Како слободна птица Времето ја носи Твојата душа Како младост и река Со непознат немир Станици истрошени тела Дожд од светлина На твоето лице Во Радовиш сонце Во Гевгелија си ти На улицата дете што се буди На улицата сме сами Сами против ветрот Во ноќта што ги крши Тишината и градот Те посакувам на начин Во кој молкот е игра Меѓу ѕидот од страсти Во растурените чувства