ЉУБИНКА ДОНЕВА: АНАТОМИЈА НА БОЛКАТА


АНАТОМИЈА НА БОЛКАТА

Рацете ù се силни
И  прегратката цврста
Таа има горчливо срце
и очи  што гледаат и
длабоко и високо
И сите клетки ѝ се подвижни
Сите органи здрави
а ткивото густо
И кога
за непристојна гостинка ја прогласуваат
со светлина одговара таа
и како брчка сјае од твоето лице
и не сака дувло да биде
на душа распарчена и темна
Вели 
Да  се пие поленот на раните
е цер што исцелува и храни.