
Тезата која ја застапувам во овој текст е следна: СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА СЕБЕ СПОЗНАНИЕ. Идејата е дека најголем учител е оној кој никого не подучува. Античките народи слоганот СПОЗНАЈ СЕ САМИОТ СЕБЕ СИ го имаа со векови како основен орентир на општествениот, етичкиот, политичкиот, економскиот и културниот живот на поединецот. Идејата и правото на себе спознание би значело лоцирање на човекот во еден онтолошки контекст оној кој го среќаваме како во антиката кај Сократ, Платон Аристотел но исто така и кај ренесансните автори и уметници, Леонардо Да Винчи, Монтескје, Ерамо Ротерамски, но и кај просветителите кои веруваа во моќта на разумот да сознава, како Џон Лок, Волтер, Томас Хобс итн. Неможноста за себе спознание доаѓа се разбира од човековата слабост, во секој човек постои добро и зло, тоа особено доаѓа до израз во делата на големите уметници затоа е добро да се чита, бидејќи низ читањето запознаваме нешто во нас што претходно не сме го знаеле. На тој начин особено младите успеваат да ги видат негативните страни во себе па оттука и против нив да се борат. Се разбира тоа не е едноставна работа, бидејќи човекот е суштество на нагоните и страстите препознавајќи одредена страст човекот треба да ја препознае и да ја контролира но не да ја потисне, бидејќи тоа впрочем можеме да го најдеме кај Сигмунд Фројд потиснувањето води кон најразлични форми на неуроза и психички болести. Неговата книга „Неугодното во културата“ зборува токму за тоа дека општествата во кои не доаѓа до израз чаовековата природа во целата нејзина исполнетост го прави поединецот поинаков од она каков е тој самиот. Посакувам образованието да биде да биде едно вежбалиште каде младите треба да се борат со себе самите најнапред и да се себеоткриваат. Тоа себе откривање потребно е да биде проследено со љубобитност која се развива не само од образовната програма и методите на работа туку најповеќе од личниот профил на наставникот. Ако наставникот ја живее својата професија сигурно дека тие часови ќе бидат живи и инспиративни за учениците. Ако наставникот многу јасно воспоставува однос не на подредени и надредени туку на рамноправни соработници кои подеднакво се рамноправни и во успехот и неуспехот секако дека учениците ќе го ангажираат на дополнителни истражувања и дискусии. Но денес правото на наставникот да ја изрази својата личност е унифицирано моделирано обликувано низ строго определени форми на работа со учениците најчесто преку најразличните модули, понатаму употребата на ИКТ (информатичка компјутерска технологија), па со редовните и обврзни тестови со строго определени правила на оценување го прават наставникот администратор на она што учениците го дале како резултат, без да знаат кон што води тој резултат и дали е најважно да се добие висока оцена без притоа да се знае што е успех. Ако при тоа работното место на наставникот не е позиционирано на долгорочен план (а тоа доаѓа се почесто до израз со намалувањето на бројот на деца и намалувањето на фондот на часови), јасно е дека и влогот на наставникот ќе се намалува па во услови на една сеопшта морална криза и апатија училиштата ја губат својата дејност да просветуваат. Ако Сократ филозофијата ја дефинираше како „разговор на душата со самата себе“. Колку младите денес можат да дојдат до себе, колку го имаат правото на себе откривање себе лоцирање сфатено низ еден Ничеански филозовски дискурс, да се открие човекот, не во смисла како што воскликнува Ниче „Бог е мртов“ туку во смисла дека е мртва верата во него, онаа вера што младите ја губат а правото на неа се пред и над вистината и доблеста. Не онаа вистина која служи да го одржи системот туку вистината во една космичка меѓучовечка димензија која поаѓа од конкретниот човек, човекот како супстрат на нешто повисоко од себе, токму онака како што Платон кога бил прашан што е човекот одговорил „единствено живо суштество што оди на две нозе а нема пердуви“, сугерирајќи за нашата повисока природа нашето обличје Божјо во секој од нас, што денес се потиснува се сведува на една димензија како што Херберт Маркузе зборуваше во книгата „Човек во една димезија“. За крај ми се чини дека еднодимензионалниот човек го изгубил правото на себе спознание или тој момент му изгледа безначаен. Во такво општество на еднодимензионални единки и сите права се излишни освен обврските кон правата кои сами си ги донесуваме.